Cupra произведе милион возила

Повеќе од бројка

Важен момент што дефинитивно ја поставува Cupra како една од најбрзорастечките автомобилски марки во Европа – од фабриката во Марторел излезе милионитото возило. Јубиларниот модел е Formentor, кој во верзијата e-Hybrid ќе биде доделен на некој од вработените преку лотарија. Основана пред само 7 години, марката која произлезе од спортската линија на Seat сега брои седум члена. Со својата демонстрација на смелата визија и неуморна страст успеа да се наметне како иновативен бренд чија динамика во растот се огледува со секоја бројка – производството, приходите, процентите… Настапувајќи како алтернатива за следната генерација љубители на автомобили, позиционирана помеѓу масовниот и премиум сегментот, Cupra и понатаму ќе биде иницијатор на креативноста и агитатор за промени, некогаш и провокативни. Ќе ја предводи електрификацијата на фабриката во Марторел која ќе започне со производство на Raval и Volkswagen ID. Polo од идната година, правејќи ја новата електромобилност попристапна за повеќе купувачи.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER