Cupra Leon Diesel – Против сите предрасуди

Ексклузивно само за Германија

Cupra лансира само за германскиот пазар изведба на Leon со својот TDI од 150 коњи

Со скоро двојно зголемената продажба ланската година за Cupra беше одлична, но челниците на спортската шпанска марка не беа целосно задоволни. Затоа и одлучија да повлечат чекор што никој не го очекуваше, а многумина ќе го протолкуваат како ретрограден – да го понудат Leon со дизел мотор. Оваа негова верзија засега ќе биде на располагање само во Германија каде ќе се продава за 36 илјади евра, но што ќе донесе иднината никој не знае.

Cupra Leon Diesel ќе биде опремена со дволитарски TDi со 150 коњи со шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач со двојна спојка, во хечбек и Sportstourer караванска изведба. Според Шпанците дизел технологијата е совршена комбинација на спортскиот карактер и ефикасноста што ги привлекува возачите кои преминуваат големи оддалечености.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER