Страста на автомобилските ентузијасти ја запали и Cupra покажувајќи ја VZ5 верзијата на Formentor
Зад бројката во ознаката за која сите фанови на марката знаат дека е клучна и сега се крие истиот 2,5 литарски петцилиндричен турбо агрегат со 390 коњски сили. Исти треба да бидат и перформансите иако официјално не се објавени – максимални 250 километри на час и забрзување до првите сто за 4,2 секунди. Разликата е во рестилизираната каросерија и ограничувањето на 4.000 произведени единици во однос на првата серија која стигна до 7.000 купувачи.
Цената сé уште не е позната.