Петка со турбо!
Пет цилиндерскиот турбо-бензинец само во 7.000 примероци
објавено 26. октомври 2021
Најсилната изведба на Formentor започна да се нуди и првите примероци ќе бидат испорачани кон крајот на ноември. Тие ќе доаѓаат со пет цилиндерскиот турбо-бензински мотор за оваа пригода засилен на 390 коњи и 480 Nm кои ги пренесува на сите тркала. Тоа е доволно Formentor VZ5 да збрза од мирување до „стотка“ за 4,2 секунди и да има електронско ограничување на брзината на 250 км/ч! Оваа изведба ќе се нуди на сите пазари каде е присутна Cupra во ограничена серија од 7.000 примероци.





