CUPRA el-Born

Top News Вести

Секавично шокантна

Третиот производ на ново формираниот бренд покажува не само атрактивност, високо ниво на дизајн, завршна обработка, перформанси туку и  еколошка ориентираност

објавено на 15.07.2020

Формиран како суб бренд на ЅЕАТ со премиум амбиции CUPRA за кратко време покажа дека има капацитет не само да биде раскошна и луксузна со изразена спортска нота, туку има капацитет да ги имплементира модерните трендови на движење. Од своето претставување на саемот за автомобили во Женева минатата година, el-Born привлече внимание и доволен интерес да се забрза реализацијата на финалниот производ.

Подготвен за производство и да ги понесе најновите технолошки достиугнувања на групацијата VW, CUPRA el-Born е првото електрично возило на шпанскиот член на групацијата а ќе се произведува во Цвикау. Перформансите и динамиката на CUPRA el-Born беа јасен фокус за време на развојот на автомобилот, нудејќи забрзување од стоечка позиција до 50км/ч за само 2,9 секунди. CUPRA el-Born располага со најсовремени технологии, а има автономија од 500 км благодарение на неговата високо-ефикасна батерија од 77kW. Благодарение на неговата можност за брзо полнење, CUPRA el-Born за само 30 минути ги полни батериите со струја доволна да се поминат најмалку 260 км.

Ентериерот е дизајниран да ја опфати CUPRA филозофијата за квалитет и перформанси, споена со софистицираност, веднаш забележлива кај спортските седишта, новиот волан со копчињата за избор на профили и режими на возење и квалитетните материјали. Покрај вниманието кон деталите и страста за квалитетот, CUPRA стави посебен фокус на одржливоста на el-Born користејќи рециклирани материјали во внатрешноста на автомобилот.

CUPRA el-Born треба да започне да се продава идната година но се уште не се дефинирани цените кои можно е да се повисоки од оние на братучедот VW ID3.