Cupra реши да го покаже пргавиот карактер на електричниот Born

Навестувајќи суптилно нова филозофија во позиционирањето на моделите, неговата најмоќна верзија е означена со буквите VZ зад кои се крие шпанскиот збор брз. А дека е брз нема дискусија – тоа му го овозможува електромоторот чија моќност е зголемена на 326 коњски сили а вртежниот момент на 575 њутн-метри.

Тие ќе го лансираат овој младешки настроен хечбек до сто на час за 5,7 секунди и до максимални 200 километри на час. Батериите од 79 киловат-часа ќе овозможат автономија од 570 километри а прилагодливото ослонување повеќе адреналин во возењето. За тоа изменети се амортизерите, стабилизаторите и карактеристиките на пружините, управувањето е поостро, а сопирачките засилени. За подобра контрола на електричниот погон овозможено е моментално прилагодување на регенеративната сила.

Cupra Born VZ однадвор скоро да не се разликува од стандардните верзии, освен по ознаките и по единствените за овој модел 20-инчни тркала со пневматици со димензии 215/45. Внатрешноста пак е облагородена со ексклузивни предни седишта со развиена бочна поддршка, а доби и поголем екран на мултимедијалниот систем кој опционално може да биде од врвната продукција на Sennheiser со 10 звучници со 425 вати. Доаѓањето на пазарот е предвидено за третиот квартал, а цената не е објавена.

Познато е дека Born е шпанска верзија на ID.3 и дека заедно се произведуваат во фабриката на Volkswagen во Цвикау. Тоа автоматски значи дека наскоро треба да очекуваме и спортски настроена варијанта на германскиот хечбек, што впрочем веќе подолго време е најавено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER