Cupra Born – Еволуција на зрелоста

Првиот електричен модел на Cupra е подобрен на сите нивоа

Започна срамежливо, најавувајќи ја новата ера на тогаш формираниот бренд, а сега се промовира како член на семејството со јасна порака. Првиот целосно електричен автомобил на брендот еволуира во поостар, поемоционален предизвикувач, редизајниран за да испорача нов впечатлив изглед, подобрен ентериер и подобра технологија.

Bоrn не е само уште еден мал електричен автомобил, тој е завет што шпанската марка го дава на иднината. Дизајнот на надворешноста ја манифестира новата ДНК на брендот со триаголни Matrix LED светла и интегрирано осветлено лого на Cupra A во задниот дел.

Внатрешноста доби повисок квалитет, особено благодарение на новите панели на вратите, надополнети со поголем дигитален кокпит и редизајниран волан со физички контроли. Новиот Cupra Born испорачува електрифицирани перформанси со карактеристики што го интензивираат секое возење, вклучувајќи импресивен звук во ентериерот, контрола на стартување, новиот систем за возење со една педала и пошироки пневматици од 19 и 20 инчи.

Кога ќе биде претставен на пазарот во летните месеци, веднаш ќе биде достапана изведбата Born VZ која ќе понуди врвни перформанси во класата. Со 240kW (326 КС) и спринтот до стотка за само 5,6 секунди ќе пружи задоволство не само со динамиката на возење туку и со автономијата од околу 600 км.

Дизајниран и развиен во Барселона, Cupra Born ќе се произведува во Цвикау, Германија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER