Cupra – Born

Вести насловна

Под напон од ноември

Првиот електричен автомобил на Cupra е само почеток на новата ера

објавено 03. септември 2021

Забрзаната еволуција на електричните возила со батерија Шпанците го гледаат како своја голема шанса. Тоа го најавија со студијата на гратски електричен автомобил Urban Rebel кој за кратко време треба да му се придружи на Born чија комерцијализација започнува во ноември. Првично е достапен со добро познатиот мотор од 150 kW од Фолксваген и капацитет на батерија од 58 киловат часови. Cupra Born ветува опсег од околу 420 километри. Со моќност на полнење од 100 kW, батеријата се полни од пет до 80 проценти за нешто повеќе од половина час.

Динамичките својства се на ниво на класата возила каде припаѓа. Cupra Born забрзува до 100 км/ч за 7,3 секунди со максимална брзина ограничена на 160 км/ч. Цената од 37.220 се намалува на 27.650 евра по одбивањето на субвенциите. Од февруари, Born ќе биде достапен во верзија со 170 kW, батерија од 77 kWh и опсег до 540 километри. Основна верзија со 110 kW и капацитет на батерија од 45 kWh треба да следи во првата половина на 2022 година. Земајќи ја предвид субвенцијата за електричен автомобил, ќе чини нешто повеќе од 23.000 евра. Ама тоа важи само за ЕУ.