Continental SportContact 7 – Реди триумфи

Потчинета конкуренцијата во тешката категорија!

Ултра перформансите пневматици не се најпродавани во светот, но се најценети.

Претставена пред некој месец, новата, седма генерација на Continental SportContact 7 само потврдува зошто оваа компанија го „тркала“ светот повеќе од еден век. Со асиметричен, прилагодлив дизајн на шарата, новиот SportContact 7 може да се прилагоди на суви и влажни патишта, обезбедувајќи прецизно управување и силни контролни карактеристики, дури и при големи брзини. Во вакви услови, новата адаптибилна шарка обезбедува сигурност и доверба во возењето заедно со многу прецизна стабилност при свиоци при влажни и суви услови на патот. Ова е овозможено со иновативниот дизајн на пневматикот кој овозможува големо прилепување за подлогата и исфрлање на водата при влажен коловоз. Тоа се потврди на неодамна направениот тест на летни ултра перформансни пневматици од страна на редакцијата на Sport Auto од Штутгарт, дел од престижното списание Auto Motor und Sport, каде SportContact 7 победи со оцена „извонредно“! Новиот пневматик излезе на мегдан со останатите конкуренти во категоријата на димензија 235/35 R19 91 Y. Continental SportContact 7 се истакна со извонредно сопирање на влажно и суво. Исто така се покажа многу избалансиран во спортските перформанси, а помеѓу тестираните пневматици беше најдобар со малиот отпор при тркалање. Забележени се маргинални дефицити во директно аквапланинг. Овој престижен пневматик веќе е присутен кај нас во сите центри на единствениот и овластен официјален увозник за Македонија, Мотоцентар. Повеќе информации може да добиете во еден од осумте центри низ Македонија или на www.motocentar.com.mk.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER