Само 1.000 примероци за 2023
По претставувањето на електричниот Ami во 2020-тата, пандемијата ги поремети плановите за пласман на ова микро возило со широка намена во урбаните средини. Кога работите дојдоа колку толку на свое, продажбата повторно заживеа и до сега пласирани се повеќе од 30.000 примероци во девет држави. Осоколени со овие бројки од Citroën за следната година најавија дека ќе направат серија од само 1.000 примероци на баги верзијата на Ami. За My Ami Buggy детални информации ќе бидат објавени претстојната пролет, но веќе се знае дека ќе има, исто како „оригиналот“, батерија од 5.5kWh која обезбедува автономија до 75 километри и за полнење потребни се четири часа. За луимитиранаат серија ќе се отворат нарачките на пролет 2023, а испораката ќе започне од средината на годината. Цената уште не е позната.


