За достава на терен?!
Последната фантазија на дизајнерите нема теренска намена, но делува атрактивно
Концептот на мало рекреативно возило базирано на Ami има задача да го опипа пулсот на публиката. Судејќи според направеното ова дефинитивно е најевтино концепт возило што некогаш го направиле во Citroen. Најважната карактеристика е недостатокот на врати.
Тие се заменети со проѕирни отпорни на дожд церади што може да се отстранат и да се сместат во посебни џебови зад седиштата. Ова решение е референца за легендарниот Citroën Méhari. Му Ami Buggy Concept доаѓа со широки теренски тркала, заштитни шипки на предната и задната страна, како и решетки за предните фарови. На покривот поставена е решетката за багаж, резервното тркало и LED светлосна лента, решенија кои го нагласуваат теренскиот изглед.
My Ami Buggy Concept е опремен со нови и подебели перничиња за седишта. Тие се заменливи и се перат. Преградите за складирање на контролната табла, кои се достапни за Ami, се специјално редизајнирани концептот и може да ги понесете со вас на пикник или патување надвор.