Citroen и BMW имаат таен договор

Top News Вести

Џентлменски се разбравме!

објавено на 26 ноември 2021

Така одговори прес службата на Citroen на прашањето дали BMW ќе може да ја користи ознаката XM под која неодамна го најави својот иден супер-SUV. Детали за тоа кога и како се договориле не се познати, но се разбра дека се договориле за возврат Французите да можат да го користат суфиксот X кај своите модели. Тој, како што знаеме, веќе се појави кај C5 X, кој сигурно нема да биде и последен модел на марката со двоен шеврон со таква ознака. Засега не е јасно дали BMW ќе ги смени и ознаките на перформансните теренци како што се X5 M и X6 M во XM5 и XM6.