Европскиот модел неизвесен
Неоправдано запоставен од купувачите, Citroen C3 Aircross веќе навлегува во години кога треба да биде заменет. Но со оглед на турбуленциите на европскиот пазар предизвикани од електрификацијата и претстојните Еуро 7 норми, Stellantis претпазливо делува.
Затоа и сега го претстави само новиот модел иницијално наменет за Азија и Јужна Америка, а дали во вакво издание ќе се појави и во Европа зависи од многу неодговорени прашања. Реални шанси за тоа сепак има но засега не може да се каже кога треба да се очекува и колку ќе се разликува од оваа варијанта.
Употребената модуларна платформа од новата генерација укажува на сериозноста со која Французите пристапуваат кон него. Дизајнерски наликува на веќе видениот индиски и бразилски C3, што и не е некое изненадување.
Вкупната должина од 4,32 метри далеку го надминува сегашниот европски модел, со што е овозможено сместување и на трет ред седишта. Моторизацијата ќе зависи од земјата каде ќе се произведува почнувајќи од третиот квартал годинава.



