Citroen 2CV (со видео) » Легенда која вечно ќе трае

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Легенда која вечно ќе трае

Во моментите кога одбележува еден век постоење, Citroen се потсетува на најславните свои модели

Објавено на 28 септември 2019 година

Еден од нив и нераскинлив дел од историјата на марката е популарниот Спачек. Првите прототипи се појави во 1936 година и изгледаа како да ги правел амбициозен селски ковач. Идејата на неговите творци беше да се понуди едноставен, сигурен и економичен автомобил погоден за широк спектар возачи со различни потреби. Втората светска војна ги поремети плановите, кои се вратија заедно со мирот. Така, како година на раѓање на Citroen 2CV како што му е официјалната ознака, останува забележана 1948-мата. Наменет беше за превоз на четири лица и 50 килограми багаж со максимална брзина од 65 километри на час. Имаше боксер мотор од мотоцикл со зафатнина од 375 кубни сантиметри и девет коњски сили. Менувачот беше со три степени на пренос, а трошеше 4,5 литри на 100 километри. И покрај присутниот скептицизам на некои, реакциите беа фантастични и чадорот на тркала веднаш ги освои срцата на купувачите. Нарачките беа толку бројни што во еден момент листата на чекање за него беше долга шест години. Стана легенда која со смелата креативност на неговите конструктори предизвика голем број ентузијасти. Со својата успешност ги истакна духот и гените на марката, кои како основни вредности се негуваат и ден-денес. Се произведуваше до 1990 година, до кога заедно со неговите деривати беа направени преку 5 милиони примероци.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER