Citroen со силен раст

Citroen со силен раст

Француската марка го забележа најсилниот раст меѓу 12-те најдобри автомобилски марки во Европа

Објавено на 11 јуни 2019 година

Со 600.000 продадени возила за 30 месеци од C3 и веќе 200.000 пласирани примероци од C3 Aircross, Citroen го забележа најсилниот раст меѓу 12-те најдобри автомобилски марки во Европа. C3 беше претставен пред две ипол години, додека C3 Aircross беше лансиран во ноември 2016 година. Тие заедно ја напишаа оваа вистинска успешна приказна со која убедливо го докажа статусот на бестселер на марката. Ова го направи Citroen C3 3-тиот најдобро продаван модел во Франција и 4-ти во својата категорија во Европа. И C3 Aircross буквално се лансираше на врв на интересот на купувачите, кои го позиционираа како второ најпродавано патничко возило на Citroen, веднаш зад C3. Овој извонреден успех му овозможи на компактниот SUV C3 Aircross да се рангира како трет најдобро продаван во својата категорија во Франција и шести во Европа. Со тоа, овие модели станаа главниот допринесувач за комерцијалната офанзива на Citroen со кои марката го забележа најсилниот раст меѓу топ-12 автомобилските брендови во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER