Chrysler Voyager се враќа во игра

Соочен со штрајкови и опаѓање на продажбата на американскиот континент, Stellantis е приморан да бара алтернативни решенија за ублажување на последиците од незавидната ситуација во која се најде со прекумерното кратење на гамата. Во тој процес најмногу настрадаа моноволуменците за чие постоење најмногу е заслужен Chrysler. Затоа иако неочекувана, не може да се каже и дека изненадува веста марката повторно да го понуди Voyager на приватните купувачи.

Моделот претставен пред пет години всушност е поевтина верзија на Pacifica заради што набргу беше исфрлен од ценовниците на дилерите, останувајќи достапен само за големи флотни купувачи. Но сега времињата се сменија и пред крајот на годинава Voyager повторно ќе се најде во продажните салони. Изменетиот дизајн од Chrysler го нарекуваат класичен, но опременоста е солидна за да се оправда цената од скоро 42 илјади долари.

Со механиката не се експериментираше и моноволуменецот со седум седишта ќе се испорачува со 3,6 литарски бензинец со 287 коњски сили и деветстепен автоматски менувач. Chrysler лани од Pacifica кој остана единствен модел во понудата продаде 120 илјади примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER