Chrysler – Иднината недефинирана

И покрај изразениот ентузијазам, плановите на Chrysler никако да се поместат од мртва точка

Добар ветер во грб донесе концептот Halcyon покажан лани ова време чиј одличен одговор на јавноста предизвика на неговата идеја да се развијат неколку модели.

Сите требаше да бидат електрични, а првиот се очекуваше дури во 2028 година. Но откако стигна веста дека е донесена одлука да се продолжи со развојот на неговата сериска верзија се појавија извештаи дека сé ќе оди побавно од очекуваното, дури и дека некои проекти ќе бидат откажани.

Причините засега не се познати. Прв ќе настрада големиот кросовер планиран за идната година кој официјално е одложен, барем неговата електрична верзија. Единствено што засега е сигурно е дека веќе остарената Pacifica ќе добие уште еден редизајн.

Што се однесува до сериската верзија на Halcyon, таа треба да има значително потсмирен изглед но сепак да ги задржи елегантните купеовски линии. Не е познато дали ќе се опстои на одлуката да биде само електричен модел или пак ќе се направи компромис и ќе биде понуден со некој бензински мотор што платформата на која е замислен го овозможува.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER