Chevrolet Spark EV – Само за Латинска Америка

Гласините се потврдија – Chevrolet го реинкарнираше Spark како електричен модел но само за Латинска Америка

Додека Европа и Соединетите Американски Држави накриво гледаат кон кинеската инвазија, остатокот од светот им посакува добредојде на бројните нови модели, посебно на електричните. Поволната клима ја сфатија и големите играчи на автомобилската сцена меѓу кои и General Motors кој го искористи своето глобално присуство во земјите од Латинска Америка да го релансира популарниот Spark, овој пак како мал кросовер. Во основа се работи за ребрендиран Baojun Yep Plus кој лани беше претставен во Кина каде и се произведува. Спецификациите официјално не се објавени но без дискусија тие ќе бидат исти или скоро исти како и кај оригиналот – должина од 4 метри, електромотор со 101 KS и батерии кои обезбедуваат респектабилна автономија од 400 километри. Цените кои во Кина стартуваат од 13 илјади долари, не се објавени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER