Chevrolet Corvette – Stingray

насловна Поглед во иднината

Europe, here I am!

Секси двоседот со средишно поставен мотор пристига во октомври

објавено 11. мај 2021

Стариот континент секогаш бил проблематичен за американските мускулести автомобили. Растот на пласманот на Ford Mustang во Европа ги окуражи маркетерите на Chevrolet повторно да се обидат да ја пласираат Corvette во вкупно 16 изведби под името ”Launch Edition“ од кои осум купе и осум кабриолет верзии во најпопуларните комбинации на бои и опрема.

Срцето на Stingray е последната генерација на 6,2 литарскиот мотор, единствениот природно аспириран V8 во својата класа. Дава 475 КС при 6450 вртежи во минута и вртежен момент до 613 Nm при 4500 вртежи. Европската верзија забрзува до 100 км на час за 3,5 секунди, а максималната брзина е 296 км/ч. Автомобилите за Европа се опремени со Z51 Performance Package како стандард. Вклучува суспензија со прилагодливи пружини, систем за сопирање Brembo со зголемен дијаметaр на дисковите, електронски диференцијал со ограничено пролизгување и аеродинамичен пакет за поголема стабилност при возењето.

Внатрешноста е исто така повисока од онаа на моделот за американскиот пазар. Опременоста е засилена со снимач на податоци на перформансите, главен дисплеј и систем за навигација, звучен систем Bose со 14 звучници, ретровизор врз основа на камера и загревани и вентилирани седишта. Оваа варијанта ќе биде достапна од почетокот на следната година. Во Германија цените ќе започнуваат од 99.000 евра, а кабриолетот ќе чини 7.000 евра повеќе. За прв пат во својата 67-годишна историја, Chevrolet Corvette е достапен и со волан на десната страна, па логично е да се очекува извоз, покрај европа, и во Јапонија.