Chevrolet Corvette E-Ray – Ново толкување на традицијата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Хибридизирана и со погон на сите тркала

За 70-иот роденден Corvette доби уште еден мотор и виза за електрична иднина

Почитувајќи ја традицијата General Motors упорно одбиваше да подготви некои помодерни технички решенија за Chevrolet Corvette. Oсновната Stingray верзија сé уште има мотор со брегаста оска во блокот. Идејата да се понуди многу сила во релативно пристапно пакување не оставаше простор за експериментирање.

Времињата сепак се менуваат и за нејзиниот 70-ти роденден компанијата реши да ги почести фановите на американската икона со хибридна верзија. И не само тоа – електромоторот со 160 коњски сили е сместен на предната оска обезбедувајќи ја Corvette E-Ray како што е наречена со погон на сите четири тркала. Вкупната коњица од 655 расни грла ќе ја забрза до 96 километри на час за само 2,5 секунди, додека максималната брзина не е објавена.

Само на струја може да вози до 72 километри на час, но не е познато колку автономија овозможуваат батериите со скромни 1,9 киловат-часа. Corvette E-Ray доаѓа уште со неколку детали вредни внимание. Керамичките сопирачки се дел стандардната опрема заедно со Michelin Pilot Sport пневматиците и модификуваното ослонување. Горди на тоа што тежината е зголемена за само 45 килограми, инженерите на Chevrolet велат дека ова е најреволуционерната Corvetta во нејзината историја.

Купувачите тој факт ќе го платат 104 илјади долари, што е само пет илјади помалку од семожната Z06 верзија. Сериското производство ќе стартува дури при крајот на годината.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER