Chery – Со љубов од Шпанија

Годинава започнува производството на возила во Барселона

Chery со забрзано темпо работи на опремувањето на фабриката во Шпанија и вели дека производството ќе започне „што е можно поскоро“ годинава. Кинеската компанија првично планираше да започне со производство на своите возила во Барселона во 2024 година, но воведувањето на новата легислатива на ЕУ ги забави плановите.

Фабриката во Барселона е заедничко вложување со шпанскиот производител на автомобили Еbro. Најверојатно во фабриката, каде некогаш се произведуваа возила на Nissan, ќе се произведува кросоверот Omoda 5 со електричен и погон со мотор на согорување, а подоцна ќе започне да се произведува и Jaecoo 7.

Како што изјавуваат челниците на европскиот огранок на Chery, возилата што ја напуштаат производствената лента во Барселона ќе бидат наменети за извоз во Латинска Америка.

Целта е да се постигне динамика од 150.000 возила годишно до 2029 година и да ја направи фабриката во Барселона еден од главните извозни капацитети на Chery. Инаку, Шпанија е втор по големина производител на автомобили во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER