Кинескиот Changan е подготвен за освојување на овие простори
Од Србија пристигна вест дека е потпишан договор ОМР групата да биде ексклузивен дистрибутер на автомобилските марки на компанијата Changan за земјите од западен Балкан. За пласман на нивните возила ќе се грижи компанијата Crossroad Adria која на домашниот пазар сега ги застапува марките на Stellantis – Fiat, Abarth, Alfa Romeo и Jeep. Покрај овие, ОМР групата преку другите свои компании ги пласира уште возилата на Jaguar, Land Rover, Isuzu, Subaru и Hyundai. Од плановите за работа е наведено само дека ќе се стартува веќе оваа година преку мрежа нови дилерства во најголемите градови во регион. Првите автомобили кои ќе бидат понудени се електричните Deepal S05 и S07. Changan во Европа во моментов е присутен само во Норвешка, Португалија и Грција, а наскоро ќе започне со продажба и во Германија и Велика Британија. Оваа државната кинеска компанија која има 82.000 вработени лани продаде скоро 2,7 милиони возила.



