Chanel – Monsieur Superleggera Edition

Занимливости

Инспириран од компликациите

Последното остварување на Chanel ги буди страстите

објавено 12. август 2021

Omega со својот Speedmaster сé уште е шампион во тешката категорија на луксузни спортски часовници. Марките кои се познати по луксузниот накит и додатоци се активни и во изработка на часовници. Една од нив е Chanel фалејќи се со новиот Monsieur Superleggera Edition. Задвижуван од Calibre1 механизмот е првиот часовник на куќата што е на рачно навивање.

Вториот аргумент е што има две интегрирани компликации, способен е да работи до 72 часа и отпорен е на вода до 3 атмосфери. Целиот часовник е составен од 170 компоненти сместени во челично или керамичко куќиште. Продажбата му започнува следниот месец. Можете да претпоставите колкава ли ќе биде редицата на заинтересирани купувачи ако ви ја кажеме цената? Ништо страшно би рекле, само 39.400 УСД.