Зимски излет за помнење

Да се учествува на зимското искуство на CFMoto беше вистинско уживање.

Не знаевме што ќе биде поголем предизвик, дали ниските температури или снежните предели на Националниот парк Копаоник. Крајот на декември беше одреден да се соочиме со стандардната понуда на квадови и UTV возила на оваа кинеска марка, но за оваа прилика опремени со снежни додатоци. Топло добредојде ни посака организаторот Гевара моторс, регионалниот увозник, кој во соработка со CFMoto Македонија, CFMoto Црна Гора и подржани  од Егзит Рент Копаоник ни ја презентира програмата.

Во Шалет Копаонички Врхови беше нашата база од каде тргавме на спектакуларни  снежни возења. На располагање ни беа осум примероци распределени во три модела, два квадови и едно УТВ. Првите два се CForce 625 и CForce 1000 задвижувани со мотори од 580 и 963 ccm, двата впарени со CVT менувач. Нив во потполност ги контролира Bosch систем за електронско впрскување на горивото овозможувајќи завидна перформанса и економичност. Помалиот испорачува 40 додека мускулестиот 85 КС, кои во пракса се покажаа како разумно решение за задачите што се пред нив. Иако оптеретени со гасеници произведени од Casmo, сертифицирана дополнителна опрема достапна во мрежата на CFMoto, тие даваа линеарни перформанси проследени со мала потрошувачка.

Утринското возење се состоеше во поминување снежни рути низ првата зона на Националниот парк Копаоник. Глетките што се отвораа пред нас беа спектакуларни. По само неколку километри нашата колона застана на фото сесија.  Во далечина се наѕираше Дурмитор во Црна Гора а глетката ја заливме со шољичка еспресо подготвено на лице место. Беше време да продолжиме понатаму, пред нас е долго спуштање до долините на Националниот парк богат со дивеч. Возејќи во колона ги ротиравме квадовите и можевме да ги почуствуваме оптималните перформанси. Возејќи во редуциран пренос поради гасениците достигнувавме одвај 45 км/ч, но поголемиот дел од рутата движењето не надмина двојно помали вредности. Поради тоа ниту моделите со посилни мотори не се гушеа, ниту оние со помалите не се напињаа. Колоната имаше добар ритам се додека не налетавме на пречка.

Со снег покриениот шумски пат ни беше попречен од паднато стебло. Домаќините беа подготвени за секоја ситуација. Веднаш се активира моторната пила со чија помош стеблото беше исечено на две места. Остатокот од трупецот беше одвлечкан на страна од патот со квад. Опремен со моторот од 85 коњи има доволно сила да изврши ренџерски должности, па не му е проблем да го употреби винклото за тоа. Робусната изработка и одличниот механички склоп дадоа импресивен резултат. Продолживме во нашата колона импресионирани од возилата што ги управуваме. Во улога на логистичко возило премиерно настапи UForce 1000 XL, транспортер за шест лица и комплетен багаж.

Погонуван од V2 моторот со четири вентили по цилиндер се покажа како одличен работен коњ. Во овие несекојдневни услови на возење до израз дојде ергономијата и управливоста на квадовите оптеретени со гасеници. Винклата не е само моден детаљ туку неопходна алатка кога се вози во дивина. Голем недостаток на тие ниски температури беше немањето греење на рачките и седиштата на возилата што престојот на студот ќе го направеше попријатен. Сепак домаќините секогаш мислеа на обновата на енергијата и секогаш софрата беше богата со зимски „енергенси“ на кои никој не е рамнодушен… Повеќе информации за техничките спецификации, опции и цени на www.cfmoto.mk

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER