Porsche го набива напонот
Новата генерација на перформансни електрични возила со нови батерии
Групацијата Cellforce, во која 72,7 отсто удел има Porsche, ќе изгради сопствен капацитет за развој и производство за батериски ќелии со високи перформанси во Ројтлинген, Германија. Изградбата треба да започне следната година на површина од над 28.000 метри квадратни. Замислен е да произведува батериски ќелии со високи перформанси за 1.000 возила секоја година со вкупен капацитет од 100 MWh годишно. Почетокот на производството е планиран за 2024 година, а според перформансите на батеријата, повеќе од јасно е дека е наменет за електричен модел со високи перформанси од Porsche.

Државата го финансира проектот со околу 60 милиони евра. Хемијата на новите ќелии со високи перформанси се потпира на силикон како аноден материјал. Ова овозможува значително да се зголеми густината на енергијата во споредба со сегашните сериски батерии. Тоа овозможува во покомпактни димензии да се добие иста енергетска содржина. Новата хемија го намалува и внатрешниот отпор на батеријата. Како резултат на тоа, може да апсорбира повеќе енергија за време на опоравувањето, а исто така е поефикасна при брзо полнење. Друга предност на батеријата Cellforce ќе биде поголемата отпорност на високи температури.


