CATL – Зелен сертификат и проширување на север

Јаглеродна неутралност проследена со нови инвестиции

Најголемиот светски производител на батерии за електрични возила Contemporary Amperex Technology Limited го доби  PAS 2060

Сертификатот за јаглеродна неутралност потпишан од реномираниот SGS, ја промовира фабриката во Кина за прва во светот со нула емисија јаглерод во новата енергетска индустрија. Оптимизацијата на ресурсите е ускладена целиот отпад произведен за време на производството да се рециклира, а стапката на обновување на благородни метали како никел, кобалт и манган може да достигне 99,3%. Ова и овозможува на фабриката годишно да намали 400.000 тони емисии на јаглерод. Воедно Кинезите истражуваат локации низ Северна Америка за огромна фабрика вредна пет милијарди долари за снабдување на тамошните клиенти. Постројката би била способна да произведува дури 80 гигават-часови батерии годишно, а во фаза на полн капацитет фабриката ќе вработува 10.000 работници. Официјални претставници на CATL преговараат со Мексико а се размислува за локации во САД и Канада, но има загриженост за достапноста на работната сила и други трговски прашања. Успешниот пример ќе биде применет во сите 10 производствени бази ширум светот, со што CATL ќе изгради поодржлив индустриски екосистем и ќе придонесе кон глобалната јаглеродна неутралност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER