Најголемиот светски производител на батерии за ЕВ веќе започна со тестирања на новата платформнова
Кинеската компанија CATL развиви нова платформа CIIC (CATL Integrated Inteligent Chassis) и веќе започна со тестирање во реалниот сообраќај во Кина, ветувајќи опсег од 1.000 километри помеѓу полнењата.
Според компанијата, батеријата на интегрираната интелигентна шасија може да надополни струја за 300 км за 5 минути кога е поврзана со брз полнач. Во однос на ефикасноста, за време на тестирањето беше постигната импресивна просечна потрошувачка од 10,5 kWh/100 км (9,9 км/kWh). Овие параметри се намалија за 30% на температури пониски од нулата, што значи дека и при неповолни услови за батеријата таа може да обезбеди енергија за 700 км.
Новата платформа наречена „скејтборд“ ги интегрира електричниот мотор, батерискиот пакет, системите со висок и низок напон, управувањето и сопирачките, намалувајќи ги трошоците за производство и времето на развој. Во исто време, платформата е компатибилна на сите видови каросерии што има дава поголема слобода на дизајнерите. Кинескиот производител на автомобили Hozon Auto ќе биде првиот што ќе претстави сериско ЕВ базирано на интегрираната интелигентна шасија на CATL.
По договорот потпишан во јануари годинава, Hozon и CATL објавија развој на ново EВ базирано на CIIC, кое се очекува да влезе во производство во третиот квартал на 2024 година. Инаку, CATL не е заинтересиран за лансирање на сопствен бренд на ЕВ, но планира да ја сподели технологијата со други компании како дел од своите повеќекратни партнерства.