Иако моментот не е поволен британскиот Caterham кој е во јапонска сопственост не се откажува од плановите да лансира електричен спортски автомобил.

Најавен уште во 2023-тата, Project V како што му е работното име веќе пристигна на тест патеките, чекор поблизу до сериското производство чиј почеток е закажан за идната година.

Познати се и основните податоци за погонската група за чиј развој е задолжена Yamaha – електромоторот има 268 коњски сили а батериите 47 киловат-часа кои треба да се доволни за 400 километри автономија.

Бројките не се убедливи и сигурно нема да предизвикаат експлозии енергија но впечатливиот настап кое ова купе со својата чиста и едноставна естетика го има дефинитивно ќе привлече внимание.

За внатрешноста и цената премногу е рано да се зборува а не се познати ниту плановите за производство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER