Ретки се моделите припадници, на сега веќе, „старото школо“ кои се уште се држат до традиционалните вредности кои доаѓаат со моторите со внатрешно согорување. Таков несомнено е Skoda Karoq со турбо-дизел мотор со 150 коњи. Дотеран во атрактивното ниво на опременост Sport Line тој зрачи со харизма. Извонредните седишта, избалансираноста на материјалите со ергономијата ме освоија. Возните својства, економичноста и пристапната цена ги интензивираа моите симпатии и потврдија дека овој модел, земајќи ги сите параметри, е најдобрата понуда во класата на нашиот пазар!
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu

