Авто Магазин – Нова премиера

Саемите на автомобили, барем во Америка се уште се во мода. Оваа неделa заврши смотрата во Чикаго каде се претставија неколку интересни новитети. На светскиот трон на најпродавани автомобили Toyota Corolla се задржа дваесет години по ред, а според студијата на J.D.Powers, возила со најмалку дефекти се оние на далекуисточните марки. Сто години наврши детелинката […]

Volkswagen Up пензиониран – Видео

Завршува 12 годишната кариера на најмалиот Фолксваген, моделот Up. Тој беше успешна прикаска, но ја доживеа судбината како и другите такви возила од конкурентските марки. Едноставно профитот што го генерираше не беше доволен за да се одржи на производствената програма…

Mazda CX90 – Видео

Седум седишта, електрификација и погон на сите тркала го карактеризираат најголемиот кросовер на Mazda. Како што обично бива, големите јапонски возила првично се лансираат на американскиот пазар. До таа традиција се држи и Mazda која го претстави своето најголемо до сега спортско-корисно возило во САД од каде очекува и најголем волумен на продажба.

Škoda Enyaq – Дрифт за Гинис Видео

Шкода го направи светскиот рекорд за најдолг дрифт на мраз со електричниот Enyaq. За тоа беа потребни 15 минути и 58 секунди, време за кое се извозеа 39 круга, со брзина која се движеше меѓу 32 и 49 километри на час.

Range Rover Velar 2023 – Видео

Второто освежување на Velar не донесе ништо драстично во изгледот на надворешноста и внатрешноста. Се работи повеќе за употреба на поквалитетни материјали и смена на екранот на централната конзола. Верзијата со приклучен хибрид доби поголема батерија, а сите изведби добија повисока цена.

Авто Магазин – Нова премиера

Светот на автомобилите не престанува да не изненадува. Во него владеат посебни законитости кои се спротивни на логиката. Така луксузните марки се фалат со рекордни продажби и профити, додека оние, припаднички на масовното производство се борат со проблемите на снабдување и се поскапата енергија. Покрај проблемите, Toyota три години по ред е светски број еден […]

Audi Activesphere – Видео

Славејќи го напредокот, Audi го претстави и четвртиот концепт од Sphere серијата со која наново ја дефинира својата гама. Наречен е Activesphere и доаѓа во форма на робусен теренец со исклучителни можности за возачите со активен животен стил. За него од Audi наведуваат дека е израз на крајна слобода за луѓето кои уживаат на отворено, […]

Peugeot E-Lion – Видео

На он-лајн настан наречен E-Lion Day, Peugeot прецизно и конкретно го најави распоредот за патувањето кон својата електрична иднина. Во него се споменуваат три преломни моменти. Првиот е годинава, кога секој модел во гамата ќе биде електрифициран, а вториот следи во 2025-та кога Peugeot секој модел ќе има своја електрична верзија. Третиот и финалниот е […]

Test BMW i7 X Drive 60 – Видео

Седмата генерација на ВMW серија седум отвора ново поглавие во историјата на бавараскиот знаменосец. Покрај тоа што ги задржа сите атрибути познати за оваа лимузина, таа полека но сигурно, мигрира од премиум сегментот во друштво на луксузни крстосувачи…

Mercedes ја повлекува ознаката EQ – Видео

Определбата на Mercedes-Benz да стане потполно електрична марка го иницира исфрлањето на ознаката EQ што ја користи во постоечките ЕВ модели. Оваа одлука стапува на сила идната година кога на пазарот ќе пристигне електричната Г класа.