Hyundai Kona Electric – Видео

Новата генерација на Hyundai Kona Electric само го задржа името – сите останати работи се сменети. Марката сака да се наметне на пазарот како еден од главните играчи на пазарот на електрични возила и затоа не штеди на инженеринг.

Tesla 4 милиони произведени возила – Видео

Tesla го произведе 4 милионитиот автомобил. За марка која е активна неполни 20 години, од стртап направи светски феномен и глобално распространет производител. Следната цел е да се постигне годишно производство од два милиони автомобили, но и отворање на нови Гига фабрики.

Авто Магазин – Нова премиера

Минатата седмица не беше толку летаргична во однос на таа пред неа. Во само два дена најавени се два нови модели и дојдоа дојави за уште три кои ќе настапат на автомобилската сцена годинава. Електрификацијата на големо се спроведува во сите марки, а веста која ни доаѓа од Санта Агата ди Болоњезе, на сите љубители […]

BMW iX5 Hydrogen

BMW се издвојува со својот напредок во развојот на водородните технологии. Неговата iX5 Hydrogen која функционира на технологијата на водородни горивни ќелии веќе е во фаза на обемно тестирање.

Dacia Jogger Hybrid – Видео

Електрифицирана рационалност По добриот успех на електричниот Spring Dacia реши да влезе во клубот на производители кои имаат хибридни погони. За тоа е избран Jogger чија популарност секојдневно расте. Позајмена е техниката од Renault која овозможува солидни перформанси и одлична економичност, но цената веќе нема да му биде ниска.

Aston Martin – Медицинско возило на F1

Не веќе новост, но интересно е да се види во акција новото медицинско возило во „најбрзиот циркус на светот“. За него се погрижи Aston Martin и го направи врз своето прво спортско-корисно возило DBX.

Авто Магазин – Нова премиера

Само десетина дена од донесувањето на забраната за продажба на мотори со внатрешно согорување од 2035 година, најверојатно таа ќе се повлече под голем притисок на Германија. Ега во фокусот доаѓа развојот на технологиите на водород и синтетички горива. Тоа пак не е причина за успорување на електрификацијата која евеќе присутна во сите марки. Последен […]

Bentley W12 оди во пензија – Видео

Електрификацијата и стремењето кон движење со нулта емисија на штетни издувни гасови го зема својот данок. Во склад со својата стратегија промовирана по повод сто годишнината на марката, Bentley донесе одлука да прекине да го произведува иконскиот W12 мотор.

Peugeot 508 – Видео

Со повеќе „карактерни“ надградби, поизразени заби и канџи кралот на чопорот од Шанзелизе ќе дебитира во јуни за да го продолжи својот успешен пат во средната висока класа на возила. Во деценијата кога владеат спортско корисни возила и моноволуменски форми Peugeot 508 останува доследен на лимузинската форма со две каросериски форми и три верзии.

Внатрешноста на идната Е класа – Видео

Секогаш кога ќе се најави нова генерација на Mercedes јавноста е многу љубопитна. Новата Е класа е најавена за годинава, а сакајќи да го испита јавното мислење и да се увери во својата вистинска ориентација, штутгартската ѕвезда ја откри внатрешноста на својата средна лимузина.