Malaguti Medison 125 и Drakon 125 – Видео

Производството на новите модели на Malaguti се одвива во Кина, но сега се подготвени сопствено дизајнирани и конструирани двотркалци. Така сега го имаме Medison 125 кој иако има далекуисточни гени во целост го задржува италијанскиот дух на името што го носи. Истото е применето и кај предизвикувачкиот Drakon 125, кој со својот агресивен карактер го […]

Авто Магазин – Нова премиера

Пред автомобилската индустрија стојат многу предизвици. Технологијата со секавична брзина се развива, особено во делот на електрониката, безбедносните и системите за автономно возење. Полека, но сигурно оската на автомобилската индустрија се поместува кон Кина. Најнаселената држава е најголема и во производство на електрични возила и веќе станува нормална појава европските и американските марки да имаат […]

Hyundai e-Corner – Видео

Паркирањето и маневрирањето во понатрупаните градски средини ќе биде минато. Системот e-Corner кого го развива Hyundai, доколку се вгради во автомобилите, ќе биде „мелем на рана“ на возачите не само во урбани услови на експлоатирање на возилата.

Mercedes-Benz E Class – Видео

Веќе сме навикнале од Mercedes да ги поставува стандардите. Цели 75 години Mercedes-Benz е предводник во сегментот на луксузни салони од средна класа. Дали тоа ќе остане така ќе покаже времето. Штутгартската ѕвезда прва повлече нога, неколку месеци пред нејзиниот најголем ривал BMW серија 5 која ја очекуваме на есен. Генерацијата која е штотуку лансирана […]

Buick Envista – Видео

Buick како сака да се отргне од имиџот на марка посветена на пензионерите, па прави маневри со кои сака да го испегла имиџот и да покаже дека е доволно добра и за помладата популација.

Lexux LM – Видео

Lexus со својот LM стартува глобално. Досега овој моноволуменец беше присутен само на неколку азијски пазари, но челниците решија дека е вистинско време да влезат со дистрибуирање на глобално. Ова е храбар чекор бидејќи пазарот за овој тип возила се намалува, а цената на овој луксузен транспортер ќе биде повисока од 150.000 евра.

Test Toyota Yaris Cross Fancy – Видео

Задолжителното растегнување на димензиите и стилските детали ја оправдуваат кросоверската ориентација. По се изгледа дека оваа формула е делотворна, но има и забелешки типични за овој сегмент… Повеќе видете во тестот.

Авто Магазин – Нова премиера

Што е донесува новата Mercedes-Benz E-Class, Lincoln го лансира Nautilus кој сега се произведува во Кина, Lexus со својот LM направи моноволумен за богати. Апетитот на љубителите на моторцикли ќе го задоволат Bimota и Malaguti, а денеска ги споделуваме импресиите од тестот на Toyota Yaris Cross.

Porsche Cayenne – Видео

Спортско луксузните марки не отстапуваат од својата агенда. Во овој сегмент предводник е Porsche кој го претстави обновениот Cayenne. Наоружан со визуелни подобрувања, новата инструмент табла и инфозабавен систем наречен Porsche Driver Experience како и обновената механика, компанијата од Цуфенхаузен покажува на најдобар начин како се задржува нивото кое го гради долго време.

Cuprа Tavascan – Видео

Шпанците успеваа да се разликуваат од мејнстримот во своето петгодишно постоење, и визуелно и комуникациски. Од лансирањето на брендот Cupra продадени се повеќе од 300.000 возила ширум светот. Во првиот квартал од оваа година поставен е нов рекорд бележејќи 46.000 продажби. И глобалната експанзија продолжува. По успешниот почеток во Австралија, во моментов се во тек […]