Веќе сме навикнале од Mercedes да ги поставува стандардите. Цели 75 години Mercedes-Benz е предводник во сегментот на луксузни салони од средна класа. Дали тоа ќе остане така ќе покаже времето. Штутгартската ѕвезда прва повлече нога, неколку месеци пред нејзиниот најголем ривал BMW серија 5 која ја очекуваме на есен. Генерацијата која е штотуку лансирана ја носи интерната ознака W214 и во продажба ќе влезе есенва, токму како и споменатиот ривал.


