Dacia Duster – Третата генерација доаѓа на пролет – Видео

Duster е иконскиот модел на Dacia. Тој е емотивен и рационален во исто време, модел кој се продаде во повеќе од 2,2 милиони единици. За третата генерација воведен е похрабар дизајн, електрификација и ќе бидат задржани пристапните цени.
Aston Martin останува верен на V12 моторот – Видео

Во бранот на електрификација, повеќето компании ги заменуваат моторите со согорување. Дури и познатите премиум марки дигнаа раце од големите „V“ мотори. Сепак има надеж за октанските зависници. Aston Martin и понатаму ќе го нуди V12 моторот!
Porsche Panamera – Видео

Panamera ја слави својата трета генерација. Луксузниот спортски автомобил донесе свежа крв во сегментот покажувајќи дека и „здодевните“ Германци знаат да ја побудат имагинацијата на богатите и разгалените.
Возевме – VW Amarok V6 3.0 TDI – Видео

Полни дванаесет години на пазарот е присутен пикапот на VW. Меѓу староседелците во овој сегмент, Amarok успеа да се наметне преку новиот пристап со кого полека, но сигурно го изгради сопствениот имиџ. Со своите атрибути новиот Amarok е коњ за работа, но за парада и трка воедно. Поради неговите атрибути избран е за „Пикап на годината […]
AutoBest – Тест на финалистите – Видео
Повторно во близина на Виена најголемото планетарно жири, според бројот на држави учеснички, ги тестираше финалистите за престижната титула „Best Buy Car of Europe“. Четирите кандидати, BYD Dolphin, FIAT 600-e, Hyundai Kona и Jeep Avenger ја отворија новата страница во историјата на жирито. Прв пат во своето 22 годишно постоење сите финалисти се на електричен […]
Авто Магазин – Нова епизода

Денеска имаме два жешки новитети чија заедничка основа е само тоа што ја претставуваат својата третата генерација. Едниот е посветен на оние со длабок џеб, префинет вкус и висок статус, додека вториот е ориентиран кон рационалните купувачи. Ви ги претставуваме Porsche Panamera и Dacia Duster. Најголемото планетарно жири, според земји учеснички, AutoBest ги заврши тестирањата […]
Royal Enfield EICMA 2023 – Видео

Royal Enfield е производител што ги темели своите мотоцикли на класични и проверени технологии. Тоа не го спречува интензивно да мисли на своите идни модели.
Horwin Senmenti 0 – Видео

Футутристички дизајн и електричен погон. Тоа е рецептот што Horwin го развиваше цели шест години за да блесне во полно светло во Милано. Постигнува максимални 200 километри на час, до сто забрзува за 2,8 секунди и има автономија од 300 километри.
Kymco CV-L6 – Видео

Корејскиот Kymco со цврста механика ги потенцира карактеристиките на неколку различни концепти, пред сé изгледот од мото светот и пристапноста и леснотијата за возење на скутерите
Toyota – LA Motor Show : Видео

Не треба многу да се зборува за да се каже колку американскиот пазар е важен за Toyota. Во Лос Ангелес јапонците се погрижија да ги свртат љубопитните погледи кон сеге со неколку интересни остварувања.