Ducati Diavel – Bentley Batur – Видео

Двата члена на групацијата VW прв пат соработуваат. Досега тоа беше привилегија само за италијанските членови на семејството од Волфсбург. Со Lamborghini направени се неколку ограничени серии на мотоцикли. Сега Ducati направи специјална едиција на Diavel инспирирана од Bentley Batur, а од 550 предвидени примероци 50 ќе бидат специјално посветени на сопствениците на скапото купе.

Morgan XP-1 – Видео

Матна е сликата и за Morgan XP-1, првиот електричен модел на британската традиционална марка. Засега тоа ќе биде заморче за тестирање и синхронизирање на сите технологии кои се развиваат и ќе се  произведуваат независно.

Tesla Cybertruck – Ќе дојде ли во Европа? – Видео

Како што стојат работите Tesla Cyber Truck нема да дојде во Европа. Нема да изненади доколку прчкото Илон Маск би дал некоја ветувачка изјава за компатибилен модел за Европа, но тоа би било само перчење.

Авто Магазин – Нова премиера

Пред крајот на годинава македонската автомобилска сцена заживеа. По подолга апстиненција преставени се во два дена два нови модели. Кај нас пристигнаа рестилизираната Opel Corsa и електричното првенче на Skoda, Enyaq. Mercedes за светото го претстави AMG CLE 53 Coupe, новиот перформансен модел кој е ставен на цилиндерска диета. Денеска имаме осврт и на автономните […]

Honda E – Оди во заборав

Симпатичната Honda E се истакна со својата ”Нова енергија”

Дојде со фанфари, а си заминува со подвиткана опашка. Малиот градски електричен автомобил на Honda неславно го напушта пазарот за кој беше наменет. Со едноставна ознака Е тој пленеше со својата ретро појава но не и со карактеристиките детерминирани со анемичната автономија од малку над 200 километри.

Audi RS Q e-Tron Dakar 2024 – Видео

Дали ќе биде трета среќа? Audi по трет пат ќе учествува на релито Дакар и тоа со RS Q e-Tron, возило чиј бензински мотор се употребува само како генератор за струја. Лани на „Господарот на прстените“ пеховите му се испречија на патот кон победата. Научени се сите лекции па затоа владее голем оптимизам во тимот.

Tesla – Cyber Truck – Видео

Додека во Америка не престануваат бранувањата од тектонските промени на пикап сцената што Tesla ги предизвика со лансирањето на Cybertruck, во Европа за него има само едно прашање – дали воопшто ќе биде понуден на пазарот:

Авто Магазин – Нова премиера

Светската автомобилска мапа се менува. Од скоро кинескиот BYD стана најголемиот светски производител на електрифицирани и електрични автомобили со вкупно шест милиони направени примероци. Audi се подготвува за новата едиција на најтешкото рели Дакар. Овој пат RS Q e-Tron е модифициран и подготвен за триумф. Од далечниот исток доаѓаат многу возбудливи вести меѓу кои и […]

Лебедовата песна на Кен Блок – Видео

Во ноември 2022 година, неколку месеци пред трагичната смрт, Кен Блок и Хуниган снимија возбудлив филм со електричниот Audi S1 ​​Hoonitron. Во второто видео на Electrikhana, „испеглан“ е асфалтот во Мексико Сити. И покрај сите ризици што ги превзема зад воланот, „Маестрото на дрифот“ загина на 02.01.2023 во несреќа со моторна санка. Уживајте во виртуозноста […]

Пазар на ЕВ во Америка – Ќе се достигнат ли 10%? : Видео

Американците се на чекор до преломен момент во нивната автомобилска историја – годинава се очекува за прв пат да се продадат повеќе од милион електрични возила, а можеби и да надминат десет отсто пазарен удел.