Возевме – Peugeot 408 GT 1,2 PureTech

Co Peugeot 408 по втор пат се соочуваме. Првиот беше на неговата светска премиера во Шпанија, а сега го возевме во Македонија. Погледнете ги нашите впечатоци…
Нова премиера – Видео

Сообраќајната полиција ќе има засилени контроли за празниците, Nissan Ariya по 10 месечно патешествие го заокружи патот од Арктик до Антарктик, Nio ET9 ќе ги предизвика традиционалните премиум лимузини, со „Социјален лизинг“ Франција ќе ги омасовува ЕВ, тестиравме Peugeot 408 GT 1,2 PureTech
Rhino RR01 – Видео

Кој има пари, време и знаење, наместо да се игра со Lego, може да си нарача автомобил за да го составува. Литвански ентузијасти намирисаа добра шанса да се опарат со несекојдневен проект.
Porsche Macan 2024 – Видео

Следната година Porsche ќе го лансира својот втор електричен модел, новата генерација на компактниот кросовер Macan. Досега Германците за него ни имаат кажано доста работи, така што уште сега многу се знае.
Skoda – 100 години лого – Видео

Од профил на индијански поглавица до оптегната стрела е генезата на знакот на Шкода. Стрелата остана во служба цели 100 години и неа Чесите немаат намера да ја сменат.
Zeekr – 15 минути полнење за 500 км – Видео

Кинескиот Zeekr кој делува под закрилата на Geely се наоѓа на пресвртница. Неа ја одбележа со три момента – испораката на првиот автомобил во Европа, лансирањето на нов елегантен седан и најавата дека тој ќе користи батерии кои за само 15 минути ќе се наполнат за поминување 500 километри.
Интервју со Игор Стефановски Иџе – Видео

Нашиот автомобилски ас 2023 ја завршува со неговата трета титула во ФИА Европскиот Шампионат на ридско-брзински натпревари. Следната година ќе настапува со Ferrari 488 во многу потешка класа. Погледнете што открива шампионот…
Авто Магазин – Нова премиера

Годината што изминува беше исполнета со успони и падови. Автомобилската индустрија како да ја надмина кризата, но има уште многу камчиња во обувките. Предизвиците секогаш се присутни, но големината се гледа во нивното надминување. Токму таков пример е автомобилскиот ас Игор Стефановски Иџе кој е наш денешен гостин.
Rodin Fzero – Видео

Од Нов Зеланд ни доаѓа традиционално конципираното чудовиште Rodin Fzero. Амбициите на марката да влезе во Формула 1 ги демонстрира, покрај уникатноста, и со V10 мотор засилен со два турбо компресори и 1.176 коњски сили.
Nio & Geely – Видео

Две големи кинески марки Nio и Geely сакаат да го избегнат директното полнење на ЕВ со технологија која ќе ги заменува нивните батерии.