BMW Concept M – Пристигнува електричниот M3

Базиран на Neue Klasse технологиите тој според сите параметри треба да биде достоен на бензинските браќа, па дури и да ги надмине.

Веќе само поглед од неколку секунди го потврдува тоа. Изгледот е познат од лимузината но разликите се во деталите. А ги има многу – почнувајќи од жолтите светла инспирирани од GT тркачките автомобили кои треба да му бидат обележје.

Поседува дизајнерски елементи специфични за возилата од М-семејството, меѓу кои и аеродинамички оптимизираните ретровизори. Внатрешноста е сведена на минимум. Кокпитот се ослонува на i3 и iX3 моделите, со пар екстра додатоци кои го зголемуваат тркачкото искуство.

Погонскиот систем располага со четири електромотори со интегрирано управување, по еден за секое тркало. Батериите се оптимизирани за брза испорака на енергија што треба да обезбеди неспоредлива динамика во возењето.

Серискиот модел треба да го очекуваме идната година.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER