Крај за Fiesta

Ford прекинува со производството на Fiesta Последната Fiesta ќе се симне од производствените ленти наредната недела Еден од најпопуларните мали автомобили во историјата стигна до крајот на својот живот – Ford завршува со производството на Fiesta. Издржа седум генерации и 47 години за кои беа произведени повеќе од 20 милиони примероци, што ја прави еден […]

Ferrari SF90 XX Stradale (видео)

Експеримент за душа SF90 XX Stradale ќе биде првиот Ferrari од XX програмата кој не е наменет за трки Пред скоро две децении Ferrari стартуваше со XX програмата за да им понуди на избрани групи клиентите најнапредни и екстремни автомобили можат да се возат само на затворена патека. Успехот на оваа програма се надградуваше од […]

Mercedes ја покажа караванската верзија на E-класата

Функционален, интелигентен и со динамичен изглед Караванската верзија на Е-класата ќе доаѓа со нови погонски склопови кои имаат една заедничка особина – електрификацијата Уште од 1977 година кога се појави караванската изведба на легендарниот W123, ваквите модели на Mercedes имале значајно место во пазарната понуда на марката. Купувачите ги ценеа заради својата практичност која се […]

Моторцикли на водородни горивни ќелии – Видео

Honda, Kawasaki, Suzuki и Yamaha подржани уште од Toyota се договорија да започнат со заеднички проект кој на едно место ќе собере стручњаци од различни области што би работеле на иновативни решенија за користење на водородните агрегати во мотоциклите.

Citroën C5 Aircross – Добива 48 волти

Вградувањето на благи хибриди кај Citroën започнува од најголемиот кросовер Во групацијата Stellantis електрификацијата се шири како шумски пожар. Во текот на летните месеци на улиците ќе излезе C5 Aircross со нов погон. Неговата ознака е Hybrid 136 ë-DCS6. Тој го комбинира неодамна засилениот 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, што сега произведува 136 КС, со хибридна […]

FIAT Topolino – Електричното глувче

Topolino го оформува триото електрични квадрицикли на групацијата Stellantis FIAT го претстави името и иницајлиот изглед на својата интерпретација за одржлива урбана мобилност. Иако е идентичен со донаторот Citroen Ami и некој месец претходно претставениот Opel Rocks Electric, италијанскиот близнак е идентичен производ, но тој е најшармантен. Можеби е поради името кое се поврзува со […]

Автонова – Јуни, месец на сервисни попусти

Увозникот на Citroën овозможува сервисни погодности за сите корисници на „двојниот шеврон“ Јуни започнува сончево за сите возачи на Citroën во Македонија. Во својата дистрибутивно-сервисна мрежа низ државата, oд денеска па до крајот на месецот, Автонова изготви сервисна акција со големи погодности за возачите на Citroën.  Акцијата се однесува за набавка на резервни делови и […]

Соларна енергија – Џиновите се групираат?

Најголемиот производител на батерии за ЕВ, кинескиот CATL, се придружува на BYD и Tesla во производство на соларни панели Обновливите извори на енергија се во фокусот на големите играчи во производството на ЕВ. Познат по сопствените капацитети за изработка на батерии за сопствените возила е кинескиот BYD, додека Tesla ги користи услугите на CATL, но […]

Candela C-8 – Електрификација и во наутиката

Трендот на употреба на електричниот погон се проширува и на пловилата Ценејќи го она што природата им го дала, Скандинавците сакаат да ја воведат електриката во сите сфери на транспортот. За тоа шведскиот производител на хидроглисери Candela се обрати за помош на Polestar, од каде ги позајми батериите за својот најнов производ. Своето искуство на […]