Премиера – Honda ZR-V

Кросовер со голема агилност Поставен меѓу HR-V и CR-V, ZR-V е наменет за млади купувачи кои бараат стилско, моќно и забавно возило. Третиот по ред новитет што доаѓа од Honda може слободно да се нарече CR-V за почетници. Елегантната, стилска надворешност ја носи хибридната технологија од донаторот. Сепак, малиот кросовер има свој препознатлив карактер. По […]
Премиера – Honda e:Ny1

Нова платформа за електрична иднина Honda покажува дека напорно работи на своето ветување до 2030 година две третини од моделите да бидат потполно електрични Со препознатлив дизајн и најнова технологија, e:Ny1 ја следи развојната филозофија на Honda. Смелата и софистицирана надворешна естетика е подржана со целосно нов електричен идентитет за Honda. По вокација кросовер, ова […]
Премиера – Honda CR-V

Кревање на стандардите Шестата генерација на CR-V ги подигнa стандардите на Honda за дизајн, практичност и секојдневна употребливост Новиот CR-V е рафиниран и ги комбинира вредностите по кои е познат брендот со најновите помагала за возачот, пасивната безбедност и електрификацијата за да се постигне поголема сигурност, динамика и удобност. Фокусот на висококвалитетни бои, материјали и […]
LEVC – Нова електрична платформа

Лондонското такси со нова задача Од производство за лондонски такси автомобили, Geely ја трансформира компанијата центар за електрични возила Десет години откако ја презеде целосната контрола над познатиот лондонски производител на такси возила, Geely процени дека е време да го подигне неговото работење на глобално ниво. За таа цел подготвена е стратегија во чиј центар […]
Премиера – Porsche 718 Spyder RS

Кралот на спајдерите Наменет за ултимативно возачко искуство „под отворено небо“, двоседот има 500 коњи, природно генериран звук и последен е од својот вид… Тука е најсилната изведба на Porsche 718 Spyder. Ознаката RS му го донесе високо вртежниот мотор што го има Cayman GT4 RS. Централно поставен, веднаш зад возачот, па грмотевицата на цилиндрите […]
Mercedes-AMG GT – Исполирана, накитена и префарбана

Шестката во обид да стане осумка Mercedes-AMG GT 43 и GT 53 добија изглед типичен за осумцилиндерските изведби Помалку зачудувачка, а за вистинските поклоници на AMG верзиите и разочарувачка, е последната вест што пристигна од таборот на спортската филијала на Mercedes-Benz. Позната по своите спортски перформанси и силни мотори, сега таа се пушта во козметичките […]
Peugeot 2008 – Нова фаза во кариерата

Разубавен и засилен По четири години и 700.000 продадени примероци, Peugeot 2008 доби целосно обновен изглед. Компактниот кросовер е еден од најуспешните модели во сегментот. Peugeot сака да ја задржи позицијата на пазарот па значително го ревидира дизајнот кој сега го носи светлосниот потпис, првпат претставен на 508, со три вертикални светлосни елементи на предниот […]
Xpeng G6 – Нишани на Европа

Нова платформа и голема автономија Кинескиот Xpeng претстави уште ден модел кој посебно ќе им биде интересен на Европјаните. Означен е како G6 и претставува спортски купе-кросовер чии електрични можности се базирани на нова платформа. Ќе биде достапен во две верзии, со еден или два електромотора и максимални 300 односно 480 коњски сили. Иако без […]
Land Rover – Defender Outbound

И теренец и манекен За претстојната моделска година Land Rover го зачини Defender со специјално издание наречено Outbound. Иако во основа наменето за оние кои бараат помоќни теренски можности, поголемо внимание е посветено на изгледот. Од стандардните верзии се разликува по неколку софистицирани детали, најмногу посебната завршна обработка на браниците и маската. До тркалата од […]
Lexus LM – Транспортер за богати

Спротивно на сите трендови Додека сите други еден по еден ги умираат своите моноволуменци, Lexus реши да се вклучи во пазарната трка во овој сегмент. И тоа сериозно, правејќи ја глобален модел втората генерација на луксузниот LM кој досега се нудеше само во Кина и неколку азиски земји. Дизајнот на ова комби ќе остави нерамноправно […]