Преговорите ќе продолжат дури и ако царините бидат одобрени
За денеска предвиденото гласање на земјите членки на Европската Унија за воведувањето на дополнителните царини за кинеските електрични возила е одложено заради промени во последен момент со додавање одредба на што ќе дозволи разговорите за изнаоѓање алтернативно решение за тарифите да продолжат. За да биде прифатен нацрт-законот со кој е предвидено кинеските електрични автомобили во наредните пет години да се оптоваруваат со давачки во висина која зависи од повеќе фактори треба да не се спротивстават за него не повеќе од 15 земји-членки кои претставуваат 65 проценти од населението на блокот. Во разговорите кои се очекува да се интензивираат се разгледуваат разни механизам за контрола на цените и обемот на извозот на кинеските електрични возила. Европа досега ги отфрли предлозите понудени од Кина, велејќи дека секое решение треба да биде во согласност со правилата на Светската трговска организација, да се однесува на влијанието на кинеските субвенции и ЕУ да може да ја следи неговата усогласеност.