За чисто, импресивно аналогно искуство во возењето
Компанијата Capricorn која е позната по лесните технологии за автомобилската индустрија и мотоспортот, претстави хиперавтомобил со каросерија дизајнирана од Zagato. Со централно поставен мотор, проектиран е и направен во Германија со цел да пружи чисто, импресивно аналогно искуство во возењето.
Применувајќи инженеринг без компромиси, неговиот 5,2 литарски V8 мотор со компресор произведува преку 900 KS и 1.000 Nm вртежен момент. Со структура од јагленородни влакна и титаниум, Capricorn 01 Zagato е тежок 1.200 kg, што обезбедува забрзување до 100 km/h за 2,9 секунди и максимална брзина од 360 km/h.
Производството ќе биде строго ограничено на серија од само 19 купеа по цена од 2,95 милиони евра.