Cadillac стартува со продажба во Европа

Во сета рашомонијада на европскиот пазар и General Motors сака да ги омрси мустаќите. Компанијата која пред повеќе години целосно се повлече од сите активности што ги имаше тука лани одлучи да се врати со електрична гама возила. Како протагонист беше избран Cadillac, кој својата работа ја започна од Швајцарија. Според стратешките планови сега дојде време за освојување нови пазари, при што први ќе бидат Шведска, Франција и Германија. А таму Cadillac ќе се спротивстави на домашната премиум тројка со Lyriq кој е единствен модел во понудата.

Тоа што чини 80 илјади евра што е за преку една третина повеќе отколку во Америка не ги пореметува плановите. Исто и што за првите три месеци годинава додуша само на еден пазар Cadillac има продадено едвај седум возила. General Motors сепак верува дека кросоверот со 520 коњски сили и автономија од преку 500 километри ќе биде достоен претставник на нивните идеи каков треба да биде еден електричен автомобил наменет за Европјаните. Нам не ни останува ништо друго освен да им посакаме среќа, која навистина ќе им биде потребна. Можеби клучот лежи во директната пред сé on-line продажба наместо преку традиционалната мрежа дистрибутери, кој знае.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER