Cadillac – Lyriq

насловна Поглед во иднината

Прво па машко

В година Cadillac започнува со електрификација

објавено 05. мај 2021

Порано отколку што се очекуваше, General Motors го покажа првиот електричен модел на Cadillac. Наречен е Lyriq, а со примена на најсовремени виртуелни инженерски алатки се заштедени цели девет месеци во неговиот развој.

Тој треба да претставува почеток на ново поглавје во историјата на Cadillac бидејќи GM одреди да стане водечка електрична марка во групата. Целта е да се привлечат купувачите на Tesla и германските премиум модели, заради што не е штедено на карактеристиките на овој луксузен кросовер. Таков впечаток остави и концептот покажан лани летото, од кој серискиот модел се разликува по помалите тркала и класичните ретровизори место камери.

Затоа пак е задржан 33-инчниот екран во внатрешноста кој може да прикаже преку милијарда бои. Cadillac Lyriq е поставен на нова модуларна платформа за електрични автомобили со погон на задните или сите четири тркала.

Сепак на почеток ќе доаѓа само со еден електромотор со 340 коњски сили и пакет батерии од 100 киловат-часа. Автономијата не се споменува, но од порано е најавено дека ќе изнесува околу 500 километри. Способноста за користење полначи од 190 киловати значи дека сопствениците на Lyriq ќе чекаат само 10 минути за струја доволна за поминување 120 километри.

Раскошот во внатрешноста е на ниво какво се очекува, а опременоста е дополнета со полуавтоматски систем за автономно возење без раце. Во продажба ќе се најде во првата половина на идната година, по цени кои ќе стартуваат од 60 илјади долари. План е Cadillac до 2030-та целосно да ги исфрли од понудата моделите со мотори со внатрешно согорување.