Cadillac Lyriq-V – Најбрзиот Кеди

Перформансната V-изведба на Lyriq стана најбрзиот Cadillac во историјата.

Првиот електричен модел на американската марка ги покажа потенцијалите на BEV3 платформата на која е поставен со своите 615 коњски сили извлечени од двата електромотора.

Благодарените на нив и напредната конструкција на возилото Lyriq-V од место до 96 километри на час забрзува за 3,3 секунди, што е најкратко време кое било кој модел на Cadillac го има постигнато.

Со толкава сила логично е да се очекува и значително помала автономија но инженерите успеаја од батериите со 102 киловат-часа капацитет да извлечат 458 километри, односно само триесетина помалку од стандардната верзија. Импресивна е и бројката за тежината на возилото која изнесува 2,7 тони заради што сопирачките се од Brembo.

Модификуваното ослонување и помалата височина ќе придонесат Lyriq-V да биде брз и во свиоци, а изобилството најдобра опрема што General Motors може да ја понуди треба да ја оправда цената од 80 илјади долари.

Со ланската продажба на 28.400 примероци Lyriq стана втор најпопуларен Cadillac во Америка – пред него е само престижниот Escalade.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER