И официјално Cadillac од наредната година влегува во формула 1. Одлуката ја соопшти FIA наведувајќи дека пријавата успешно е оценета во однос на спортските, техничките и комерцијалните услови што ги бара шампионатот во кој од идната година ќе настапуваат единаесет тима. Иако Cadillac има долга и успешна тркачка историја не само во Америка, првиот обид да се вклучи во најбрзиот циркус заедно со тимот Andretti не доби зелено светло од организаторите. Затоа се пристапи кон друга стратегија, со сопствена шасија и користење на мотори од Ferrari во првите две години после што ќе се развиваат нови погонски единици.
