С4 има лидерски предиспозиции
Од денеска започна продажбата на пред еден месец пристигнатиот С4
објавено 10. февруари 2021
Со новиот С4 Citroen го покажува сиот свој раскош и определлба да се врати на корените. Познавачите на автомобилската историја знаат дека токму ”двојниот шеврон” е виновник за погонот на предните тркала, хидрауличното потпирање, следењето на смерот на тркалата со снопот на фаровите и уште еден куп иновации кои денеска се дел од секој автомобил. Затоа со новиот С4 се поставуваат јасни конекции со модерните технолошки решенија, штедлива моторизација, плагин хибриден погон, конективни и безбедносни технологии. Новиот Citroen C4 доаѓа со бензински PureTech мотори со распон на силата од 100 до 155 КС и Blue HDI со 110 и 130 коњи. Она што вреди да се истакне е дека со, сега актуелниот, С4 компанијата се врати во тешкиот и конкурентен ”С” сегмент со хечбек каросерија полна со привлечност. Понудата почнува од 15.990 евра. За повеќе информации информирајте се кај увозникот Автонова.


