Остана ли некој што во бизнисот со електрични возила не гледа кокошка која носи златни јајца?
После цела низа компании главно технолошки, сега и сопственикот на популарната и контроверзна социјална мрежа TikTok ќе истапи со сопствена марка автомобили.
На помош е повикана групата Seres која ќе ја обезбеди поддршката за производство и развој кој очигледно нема да трае долго – како термин за лансирање се споменува оваа година. Никакви детали официјално не се објавени – она што е познато на јавноста базирано на непотврдени гласини е дека се работи за кросовер во електрична и верзија со продолжена автономија.
Новата марка веројатно ќе го носи името Saidou и зад неа ќе стои истоимената компанија на Seres која настана како замена за марката Landian која слабо се продаваше.


