BYD Sealion 7 – Доаѓа осмиот европски модел

По европското деби на салонот на автомобили во Париз, ривалот на Tesla Model Y е опремен со двојни електрични мотори и пакет батерии BYD Blade.

Брзата експанзија на BYD на европските пазари продолжува со Sealion 7. Тој е осмиот NEV (New Energy Vehicle) во европската понуда на BYD која привлекува внимание со својот брз раст.

Sealion 7 е лансиран во Кина во ноември минатата година и се држи до воспоставениот дизајнерски јазик на компанијата. Предниот дел го дели стилот на светлата на Seal, но ги спојува со поспортски обликуван браник, додека задниот дел покажува закосена линија на покривот што се влева во LED задните светла со целосна ширина.

BYD Sealion 7 е поставен на e-Platform 3.0 Evo, која е компатибилна за поставување на единечни и двојни електрични мотори. Во Европа, компанијата првично ќе го понуди дериватот со високи перформанси со два електрични мотори. Според наводите на производителот Sealion 7  може да забрза од 0-100 км/ч за 4,5 секунди и поддржува брзо полнење до 230 kW.

Изостанаа податоци околу моќноста на моделот наменет за Европа, но верзијата со два мотори во Кина нуди комбинирана моќност од 530 КС и автономија, според кинескиот циклус на мерење на потрошувачка CTLC од 550 километри овозможена од батеријата од 82,56 kWh BYD Blade.

Производителот сака да го позиционира Sealion 7 на врвот во сегментот, а дека ќе успее во тоа го аргументира со неговата технологија, опременост и високо ниво на ергономија во која се уверивме при нашата посета на Парискиот мотор шоу. Најверојатно испораките на првите примероци ќе започнат кон крајот на месецов со цени околу 50.000 евра.

Доколку тоа е така, тогаш доминацијата на Tesla Model Y сериозно ќе биде нарушена. Во иднина, производството на европскиот BYD Sealion 7 би можело да се пресели во новиот објект на компанијата во Унгарија. Ова ќе  помогне да ги заобиколи царините на ЕУ наметнати на кинеските возила.

Фабриката се очекува да биде пуштена во употреба до крајот на 2025 година и потенцијално да стане производствен центар за повеќето европски модели на BYD.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER