Лани BYD продаде 4,27 милиони возила и забележа раст од 41,3 % во однос на 2023 година
Глобалната експанзија на BYD се шири како шумски пожар. Во 2023 година компанијата продаде вкупно три милиони возила, додека лани скорот се искачи на 4,27 милиони што ја постави марката на светската листа на производители пред Ford и Honda, позиционирајќи се како еден од најголемите светски производители на автомобили.
Кинескиот гигант лани продаде 1.764.992 ЕВ, што е зголемување од 12% во однос на 2023 година. Со ова BYD и дише во врат на Tesla која испорача 1,81 милиони ЕВ лани. Најголем раст бележат приклучните хибриди, вкупно 2.485.378, што претставува плус од 72,8% во споредба со 2023 година. Блумберг објави дека поголемиот дел од продажбите на BYD се забележани во Кина, а околу половина милион доаѓаат од прекуокеанските пазари.
Подемот на BYD во последниве години не беше ништо помалку од спектакуларен. Не толку одамна, компанијата беше мала марка која продаваше благи, здодевни возила во Кина, но делумно благодарение на силно субвенционираните ЕВ програми на локалната власт и огромните вложувања во истражувањата и развојот на технологиите,
BYD воспостави завидна производствен отисок и лансираше неколку привлечни возила. BYD, исто така, е батериски гигант. Според Car News China, тој е втор по големина добавувач на батерии во Кина и доставува пакети за компании како Toyota, Nio и Tesla.
Компанијата лани инсталирала батерии во вредност од вкупно 194,7 GWh во возила и капацитети за складирање енергија.