BYD ја мерка Германија за можна трета европска фабрика

Кинескиот гигант за возила на нова енергија сака трет капацитет во Европа

Кинеските производители на автомобили бараат да основаат производствени и монтажни погони во Европа, бидејќи се обидуваат да продаваат повеќе автомобили со пониска цена во регионот за да ги предизвикаат европските конкуренти.

Мотивот е избегнување на увозните тарифи што ЕУ ги наметна на електричните возила од Кина минатата година. BYD размислува да отвори трета фабрика за склопување автомобили во регионот, изјави извршната потпретседателка на автомобилскиот производител Стела Ли, што ќе произведува за европскиот пазар, покрај двете што ги гради во Унгарија и Турција. Најверојатно, Германија е најдобриот избор на BYD, иако има високи трошоци за работна сила и енергија, ниската продуктивност и ниската флексибилност.

Се уште не е донесена конечна одлука. Можно е да се разгледуваат некои фабрики на VW од кои компанијата сака да се ослободи. Инвестирањето во Германија е логична одлука која е во согласност на инструкциите дадени од Пекинг да не се инвестира во земји кои ги поддржаа увозните тарифи. Ова значи дека BYD моментално избегнува некои земји членки на ЕУ како Италија и Франција. Демохристијанската партија, која најверојатно ќе ја формира следната влада на Германија, вети дека ќе ги намали корпоративните даноци и ќе привлече квалификувани работници, а особено е заинтересирана да го поддржи автомобилскиот сектор како најголем приход во земјата.

Одлуката да се инвестира во Германија ќе зависи од продажните перформанси на BYD во Европа и искористувањето на капацитетите во фабриките во Унгарија и Турција. BYD во Унгарија треба да започне со производство во октомври, додека фабриката во Турција треба да влезе во погон во март 2026 година. Кога ќе бидат целосно оперативни,  фабриките на BYD во Европа ќе имаат вкупен производствен капацитет од 500.000 автомобили годишно. Освен електричните возила, BYD вложува и во хибридна технологија за нејзино проширување во Европа.

Според проценките, продажбата на BYD во Европа ќе се дуплира оваа година на 186.000 единици, од 83.000 единици во 2024 година, а се очекува до 2029 година да достигнат нешто помалку од 400.000 единици. Првите два модели произведени во Унгарија ќе бидат Dolphin и Atto 3. Малиот кросовер Atto 2 и мини-автомобилот Seagull, кој ќе се појави во Европа во април, би можеле да бидат следните модели произведени во Европа, изјави Ли.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER